Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Сподели
Сподели



Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го добија дуелот со Партизан во рамки на 7. коло на Првата лига.

Ланскиот суперлигаш имаше одлично отварање на мечот кога имаше предност од 2:7 но потоа домашниот тим влезе во серија и стигна до 7:9 односно на минус два, а на полувреме гостинот имаше само гол предност 15:16.

Во второто полувреме домашниот тим успеа во целост да го сврте резултатот и имаше предност до 20:19 за прв водство на средбата.

По играта гол за гол и новото водство на домаќинот, гостинскиот тим успеа да направи плус два гола предност при 24:26, а потоа се одлепи и на 24:28 на минута и пол до крајот и тука беа решени сите дилеми, на крајот само потврда на победата од 25:30.

За домашниот тим Илија Пејковски имаше пет гола, а Горан Лисичков и Стојан Наумовски по четири гола. За Радовиш прво име беше Васе Петров со десет гола, а го следеше Стојанче Ристов со осум.



За Радовиш ова е трета сезонска победа и на своето конто има девет бодови и до комплетирање на колото ќе биде на деветтото место, а пак Партизан го забележа четвртиот сезонски пораз и останува на десеттото место со шест бода.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!