Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Сподели
Сподели

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна цел – освојување на трите бода и продолжување на борбата за позициите што водат кон европските натпреварувања.

Силекс ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија по убедливата победа од 0:3 на гостувањето кај Башкими во Куманово. Со тој триумф, кратовци ставија крај на резултатската криза, а сега пред своите навивачи ќе имаат можност да потврдат дека се враќаат во посакуваниот ритам.

Тимот предводен од Александар Васоски го очекува дуел со дебитантот Шкендија Арачиново, која исто така има мотив да стигне до победата и да се врати на победничките патеки.

За Силекс оваа средба има дополнителна тежина и од табеларен аспект. Со евентуален триумф, кратовскиот состав ќе ја мине Шкендија Арачиново на табелата и ќе има можност да се искачи на петтата позиција, а зависно од резултатите на конкурентите од горниот дел, и да ја намали разликата во однос на местата што водат во Европа.

Од друга страна, Шкендија Арачиново со три бода во Кратово би продолжила да ги напаѓа позициите кон врвот и европската сцена. Арачиновци ќе мора да покажат реакција по променливите резултати во последниот период.

Формата на двата тима најавува неизвесен натпревар. На последните пет средби Шкендија Арачиново забележа две победи, два порази и едно реми, па гостувањето кај Силекс е можност за стабилизација и нов победнички импулс.

Со оваа пресметка се отвора 11. коло во ПМФЛ, кое ќе биде комплетирано во сабота и недела, кога на програмата ќе бидат уште четири натпревари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!