Ракомет

Митревски и Тодоровски повторно дел од европската ракометна сцена, ќе судат дуел на Порто и Веспрем!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Македонското ракометно судење ќе има свои претставници на уште еден натпревар од најелитното европско клупско натпреварување. Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија доверба од Европската ракометна федерација за претстојниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Порто и Веспрем.

Македонската судиска двојка ќе биде дел од пресметката во која португалскиот состав ќе се соочи со унгарскиот гигант, клуб со високи амбиции и значајна улога во европскиот ракомет. Дополнителна тежина на натпреварот му дава и статусот на Веспрем како актуелен светски клупски шампион.

За Митревски и Тодоровски, ова назначување е уште една можност да ја претставуваат Македонија на највисоко ниво и да ја потврдат довербата што ја уживаат на меѓународната сцена.

Средбата меѓу Порто и Веспрем ќе се одигра на 28 октомври во Португалија, во рамките на Лигата на шампионите.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!