РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, Лазаров повика 35 ракометари!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за почетокот на квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2028 година, а селекторот Кирил Лазаров веќе го објави поширокиот список на кандидати за претстојните предизвици.

На списокот се наоѓаат 35 ракометари, од кои дополнително ќе биде избрана групата што ќе ги брани боите на Македонија на првите два натпревари. Во центарот на вниманието е Дмитро Хориха, поранешниот ракометар на Вардар, кој за првпат доби место меѓу кандидатите за настап во националниот дрес.

Покрај Хориха, од интернационалците повикан е и голманот Мартин Томовски, кој настапува за германскиот Битигхајм. Така, двајца ракометари што играат надвор од Македонија се најдоа во поширокиот избор на селекторот.

Македонија ќе ја отвори квалификациската кампања на домашен терен против Луксембург, на 4 ноември со почеток од 19:00 часот. Четири дена подоцна, на 8 ноември, избраниците на Лазаров ќе гостуваат кај Грција во Халкида, каде што натпреварот е закажан за 16:00 часот.

Целта на македонската селекција ќе биде успешно да го започне патот кон ЕП 2028, а конечниот список ќе покаже на кои ракометари Лазаров ќе им ја довери задачата на првите квалификациски средби.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!