Ракомет

РФМ најави турнирски натпреварувања за У13 и мини ракомет, првиот турнир на 31 октомври во Скопје

Сподели
Сподели

Ракометната федерација на Македонија планира организирање турнирски натпреварувања за најмладите категории, со цел поголема вклученост на децата во спортот и поттикнување на развојот на младинскиот ракомет во земјава.

Од РФМ упатија повик до сите заинтересирани ракометни клубови да пријават екипи за категоријата помлади пионери У13, наменета за деца родени во 2014 и 2015 година. Првиот турнир е планирано да се одржи на 31 октомври 2026 година во Скопје, по што активностите треба да продолжат и во други градови низ Македонија.

Клубовите треба да достават информации за бројот на екипи со кои планираат да учествуваат, како и список со имињата, презимињата и датумите на раѓање на децата. Потребно е посебно да се наведат машките и женските екипи, со бројот на учесници во секоја категорија.

Рокот за доставување на пријавите е среда, 21 октомври 2026 година. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса handball@macedonianhandball.com.mk, со копија до mirkulovski@macedonianhandball.com.mk и ivan_iosifovski@outlook.com.

Покрај натпреварувањата за У13, РФМ ги повика клубовите да достават податоци и за децата родени во 2016 година и помлади, кои би биле заинтересирани за активности во категоријата мини ракомет. И во оваа категорија треба одделно да се прикаже бројот на машки и женски деца.

Врз основа на пристигнатите пријави, Федерацијата дополнително ќе ги утврди форматот, распоредот и начинот на организација на турнирите, за што клубовите ќе бидат навремено известени.

Со оваа иницијатива, РФМ има за цел да им овозможи на најмладите ракометари повеќе можности за натпреварување, стекнување искуство и дружење, а воедно да придонесе за поширока популаризација на ракометот меѓу децата низ Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Газели Волеј го надигра шампионот, Јанта Волеј КВ до победа во пет сета

Бранителот на титулата, Работнички Скопје, со пораз ја започна новата сезона во Првата лига за жени. Актуелниот шампион загуби на гостувањето кај Газели...

Останато

Сушево го доби трилерот со Лирија, убедливи победи на Универзитет во Тетово и Струмица

Одбојкарите на Сушево остварија значајна победа од 3:2 против Лирија, на гостувањето во Тетово, во првиот натпревар од претколото во Првата лига за...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар ,,гази” без грешка: седум од седум и врвот на табелата!

Вардар останува максимален во домашното првенство. „Црвено-црните“ го добија градскиот дуел со...

Ракомет

Охрид броеше до 42 против Мулти Есенс за петта суперлигашка победа!

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи во домашното првенство. Актуелниот освојувач на...

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!