Турнири

Уште еден Меѓународен турнир „Некст Левел 2025“ – за генерација 2010 и 2011 во формат 10+1, пријавети се отворени!

Сподели
Сподели

Фудбалската школа Некст Левел од Охрид прослави четири години од нејзиното основање. Голем број на дечиња се дел од Некст Левел, а фудбалската школа зад себе има и два големи меѓународни турнири.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа пријавите за „Некст Левел 2025“ се отворени, а истиот ќе се одржува во период од 16. до 19. јуни 2025 година.

Овој турнир е за генерации 2012/2013, 2014/2015 и 2016/2017, но како што најавивме, фудбалската школа Некст Левел по повод четвртиот роденден најавува уште еден голем меѓународен турнир, кој ќе биде за генерација 2010 и генерација 2011, а истиот ќе се одржува во период од 30. јуни до 3. јули 2025 година.

Пријавите и за овој турнир се отворени, истиот е од меѓународен карактер и може да се пријават екипи од Македонија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово.

Пријавувањето можете да го направите на +389 72 264 509 кај Марино Маркоски или на email marino.markoski@gmail.com

Овој турнир за генерација 2010 и 2011 е голем турнир и ќе се игра во формат 10+1.

Натпреварите ќе се одиграа на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан, а во следниот прериод преку емисии и разговори ќе го најавуваме овој голем фудбалски настан кој ќе се одржува трета година по ред, дополнително ќе најавуваме и други изненадувања поврзани со „Некст Левел 2025“.

Ве очекуваме и се гледаме на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Спортска Мрежа и на првите две изданија во 2023 и 2024 година беше медиумски покровител на овој спортски настан, а оваа година како медиумски покровител воведуваме многу новитети, наскоро ќе известиме за повеќе детали, а тоа за екипите ќе значи дополнителна промоција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Златен блесок за Македонија: кадетите светски шампиони во училишен ракомет!

Машката кадетска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Горан Кузманоски, стигна до голем успех и го освои златниот медал на Светското првенство во...

Ракомет

Тежок удар за Вардар: македонскиот тим немоќен против Монпелје“

Македонскиот Вардар 1961 се враќа од гостувањето во Франција со убедлив пораз од 33-23 во првиот четвртфинален натпревар од Европската лига, резултат што...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!