РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Изов: Резултатски може да бидеме задоволни, девојките одиграа максимално одговорно, исполнувајќи ги сите тактички замисли

Сподели
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
Сподели



Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години одигра два пријателски натпревари против Косово во Приштани, на едниот меч нашата репрезентација одигра 1:1, а на вториот триумфираше со 1:3.

По мечот селекторот Кирил Изов, во разговор за Спортска Мрежа истакна дека девојките и во двата натпревари одиграле максимално одговорно, исполнувајќи ги сите тактички замисли.

Селекторот Изов нагласи дека репрезентацијата е подготвена за квалификациите во ноември во Србија, каде целта ќе биде прво место во групата.

„Во рамките на планираните активности, У19 женската фудбалска репрезентација на Македонија на 10 и 12 октомври во Приштина одигра два пријателски натпревара против соодветната селекција на Косово. Резултатски може да бидеме задоволни, бидејќи на едниот натпревар ремизиравме, а на вториот победивме со резултат од 1-3. Исто така, морам да потенцирам дека и во двата натпревари девојките одиграа максимално одговорно, исполнувајќи ги сите тактички замисли и сметам дека покажаа дека максимално подготвени ќе ги пречекаме квалификациите во ноември во Србија, каде единствена цел ќе биде освојување на првото место и пласман во елитната рунда“, изјави селекторот Кирил Изов за Спортска Мрежа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста на дуелот со Висла Плоцк ќе се грижат судии од Литванија....

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!