Трета лигаФудбал

(ВИДЕО) Ударник реагира: На секое место во светот, оваа асистенција ќе беше кандидат за асистенција на годината, а не офсајд!

Сподели
Сподели



Третолигашот Ударник од Пирава го загуби натпреварот од Огражден во Ново Село со минимални 1:0, но по мечот веднаш излезе со соопштение во кое бурно реагираше за арбитражата, односно реагира на одлуките на помошникот судија.

ФК Ударник во прилог на соопштението истакна и видео со спорните моменти.

  • ЦЕЛО СООПШТЕНИЕ НА ФК УДАРНИК:

На секое место во светот, оваа асистенција ќе беше кандидат за АСИСТЕНЦИЈА НА ГОДИНАТА! Но, за помошниот судија Ристе Грендов, тоа е офсајд! И тоа во ситуација кога нашиот играч е повеќе од еден метар зад противничката одбранбена линија!
Ако првата ситуација беше скандалозна, втората е веќе КОМИЧНА! Противнички играч ја враќа топката наназад, а помошниот судија повторно крева офсајд!
Затоа јавно ги прашуваме надлежните во регионот, одговорни за оваа лига:
Дали некој им кажал на судиите дека треба да судат во корист на домашната екипа?
Или, пак, проблемот е во тоа што некои судии не ги познаваат основните фудбалски правила?
Кој ќе преземе одговорност за ваквото судење и кој ќе ги заштити клубовите што вложуваат труд, време и пари во фудбалот?
ФК Ударник Пирава нема да молчи кога на теренот се случуваат вакви работи! Ние прифаќаме пораз кога противникот е подобар, но НЕ МОЖЕМЕ И НЕМА ДА ПРИФАТИМЕ судиски одлуки што директно влијаат врз резултатот!
Бараме одговори, одговорност и фер судење! Фудбалот треба да се решава на теренот, а не со свирчето на судиите!

ПОДДРЖЕТЕ ЈА СПОРТСКА МРЕЖА СО СИМБОЛИЧНА ДОНАЦИЈА И ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА ГО ПРОМОВИРАМЕ МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста на дуелот со Висла Плоцк ќе се грижат судии од Литванија....

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!