Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Сподели
Сподели

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше со 2:3 во дербито на 3. коло на Втората женска фудбалска лига.

Во фер и коректен натпревар и топол пречек од страна на домашниот тим, Ивана Николоска го отвори резултатот за водство од 0:1 а во 35. минута Фјола Авдиљи погоди за 1:1 на полувреме.

Во второто полувреме гостинот од Охрид преку втор гол на Николоска и гол на Викторија Стојаноска стигна до предност од 1:3. Рона Камери во 67. минута ги постави конечните 2:3.

Ржаничино со резултат од 9:0 славеше над Плачковица со што лесно беше оправдана фаворитската улога. Теодора Јанковска постигна пет гола, Љубица Асановиќ три, а еден гол Мила Ристовска.

ПОДДРЖЕТЕ ЈА СПОРТСКА МРЕЖА СО СИМБОЛИЧНА ДОНАЦИЈА И ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА ГО ПРОМОВИРАМЕ МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

Ланскиот прволигаш Топ Гол го „разнесе“ тимот на Победа од Валандово со 15:0. По пет гола постигнаа Сара Стефановска и Мила Коњановска, два гола Дарија Стојчевска, а по еден гол Тиана Вучева, Михаела Талевска и Тамара Давчевска.

Нов пораз за Топ Грлс откако на домашен терен загуби од Менада со 1:6. Ева Андонова постигна три гола за тетовскиот тим, а по еден гол постигнаа Елеонора Нанева, Ана Марија Змејкоска и Дајана Ристовска, за домашниот тим единствен стрелец беше Анастасија Котоска.

Со по девет бодови Ржаничино и Билјанини Извори го делат првото место, со по шест бодови Топ Гол и Башкими третото место, Менада и Победа Валандово имаат по три бода, Топ Грлс е без бодови, на дното е Плачковица со минус три бода.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата, откако на домашен терен во салата „Парк“ го совладаа...

ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу Кеги Моби и Осогово од Крива Паланка не се одигра, откако...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

Трета лигаФудбал

Кравари славеше над Преспа, дербито во Струга го доби Караорман, Могила со бод во Кичево

Влазерими ремизираше без голови на домашен терен (0:0) против Могила, во мечот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!