Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Сподели
ФОТО: K.F Jehona Përshefcë
Сподели

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на Трета лига регион 6. За домашниот тим единствен стрелец беше Амир Зендели, а за гостинот Арсим Рамадани погоди двапати, а по еднаш Бесарт Абази, Бесим Алили и Фатмир Абдули.

Цетинска ги освои трите бодови во дуелот со Речица откако славеше со 3:1. Лорик Љика со два и Дурим Љоки со еден гол ја обезбедија победата, за гостинот погоди Емран Матоши.

Љуботен беше поразен на домашен терен од Јехона со 0:1, стрелец беше Дорарт Амити.

ПОДДРЖЕТЕ ЈА СПОРТСКА МРЕЖА СО СИМБОЛИЧНА ДОНАЦИЈА И ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА ГО ПРОМОВИРАМЕ МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

Гостивар со убедливи 3:0 славеше над Добришти со головите на Бамир Алиу, Акн Естиу и Ебубекир Азиз, кои стрелаа во вториот дел.

Вардар Брвеница на домашен терен со 2:0 славеше над Кораб преку головите на Славче Антовски и Ивица Костадиноски.

Вчера, како што објави Спортска Мрежа тимот на Џепчиште славеше на Градец, извештајот е достапен овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата, откако на домашен терен во салата „Парк“ го совладаа...

ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу Кеги Моби и Осогово од Крива Паланка не се одигра, откако...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Кравари славеше над Преспа, дербито во Струга го доби Караорман, Могила со бод во Кичево

Влазерими ремизираше без голови на домашен терен (0:0) против Могила, во мечот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!