Прва лигаФудбал

Вардар нема право на кикс, целта против Скопје се трите бода

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

ФК Вардар не ја започна најдобро новата сезона, во која амбициите на клубот се освојување на трофеите, но по промените на тренерската позиција, шампионот продолжува да работи на исполнување на зацртаните цели.

Новиот тренер Миодраг Божовиќ во изминатиот период имаше нешто повеќе време за работа со екипата, запознавање со фудбалерите и наметнување на своите идеи и принципи на игра. Сега останува играчите да го пренесат тоа на теренот и да покажат напредок во следните натпревари.

Првиот предизвик за вардарци е денешното гостување кај ФК Скопје, на стадионот „Железарница“. Црвено-црните се свесни за важноста на овој дуел и не кријат дека во Скопје одат со јасна цел – освојување на трите бода.

„Одиме по три бода“, порачуваат од таборот на Вардар, кој ќе мора да биде максимално фокусиран и внимателен во текот на сите 90 минути. Шампионот ќе треба да избегне грешки какви што му се случуваа на претходните гостувања, меѓу кои и она во Куманово, и да ја оправда улогата на фаворит.

Квалитетот и амбициите се на страната на Вардар, но тоа ќе треба да биде потврдено и на теренот. За Божовиќ и неговите избраници, денешниот натпревар претставува можност за освојување важни бодови и најавување подобри резултати во продолжението од сезоната.

Натпреварот меѓу Скопје и Вардар е закажан за денеска од 15 часот на стадионот „Железарница“, а главен судија ќе биде Фуркан Идризи.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на...

Трета лигаФудбал

Одложен дуелот меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово

Натпреварот од 5. коло во Третата лига – Регион 3, меѓу Победа...

Трета лигаФудбал

Саљиу и Селмани обезбедија висок триумф за Џепчиште против Градец

Со победата на Џепчиште од 1:4 над Градец беше отворено 5. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!