Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата, откако на отварање на сезоната со 6:3 убедливо го доби Јувентус Серава на домашен терен во Валандово.
Во првиот дел резултатот беше 2:0, откако Димитар Јанев во 6. минута го отвори резултатот, додека пак новото засилување Насаф Шабанов ја дуплираше предноста.
Во вториот дел Ибрахим Алији намали на 2:1, но веднаш потоа Андреј Коцевски постигна два брзи гола за 4:1 со што на неговото деби за тимот од Јосифово се истакна со два погодоци во 25. и 26. минута.
Само една минута подоцна Бојан Јанев постигна гол за 5:1, а потоа истиот играч си постигна автогол за 5:2. Во 38. минута Фуркан Шабани стрелаше за 5:3, а во 40. минута Бојан Јанев со втор гол ги постави конечните 6:3 за висок и сигурен триумф.

Колото ќе се комплетира со останатите средби кои се закажани за следните денови.