Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во Првата македонска фудбалска лига. Штипјани на гостински терен имаат лош учинок, само едно реми и три порази во досегашните четири меча.
Од таборот на Брегалница се надеваат дека, конечно, ќе ја прекинат таа лоша серија и дека, конечно, ќе се израдуваат на триумф и на гостински терен.
„Знаеме дека Тиквеш е незгодна екипа, особено кога игра на свој терен. Свесни сме дека не очекува еден тежок натпревар. Но, имаме квалитет и веруваме во себе. Кавадарци е секогаш тежок терен за освојување на бодови, но ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од себе и да се вратиме со позитивен резултат“, вели Ристе Темелков, играчот на Брегалница.
Дуелот помеѓу Тиквеш и Брегалница се игра напладне во 12:00 часот на стадионот во Кавадарци.