ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Сподели
Сподели

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе бидат одредени натпреварувачките парови за првото коло, но и распоредот за целата сезона.

Новата сезона носи интересен спој на екипи кои во минатото настапувале во Третата лига, неколку дебитанти, како и клубови кои повторно се враќаат на фудбалската карта. Со тоа, ОФЛ Струмица се очекува да понуди интересна сезона, но уште поважно е што фудбалот повторно ќе заживее во повеќе населени места.

Со враќањето на клубовите на терените, се враќаат и атмосферата и традицијата на локалниот фудбал – публика покрај терените, навивање за омилената екипа, но и неизбежните пиво и скара како дел од фудбалскиот амбиент во струмичките населени места.

Поддржи ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогни ни да продолжиме со промоцијата на македонскиот спорт

Според информациите на Спортска Мрежа, во новата сезона ќе настапат шест екипи кои беа дел од ОФЛ Струмица и минатата сезона: Интер Кукла од Куклиш, Слога од Злеово, Единство од Пиперево, Илинден од Добрејци, Спартмани од Градско Балдовци и Напредок Здравје од Радово.



Лигата добива и неколку интересни повратници и нови имиња. Василево, поранешен третолигаш, по неколку сезони повторно се реактивира и се враќа на фудбалската карта. Во конкуренција ќе бидат и Подгор КМБМ од Колешино, Банско Дијаспора, Грозд од Дрвош, Струмешница од Зубово, Младост Муртино Академија, Сачево, како и Готен од Подареш, кој повторно ќе биде активен по пауза од речиси една година.

Список на екипи во ОФЛ Струмица 2026/27:
ФК Интер Кукла – Куклиш
ФК Василево – Василево
ФК Подгор КМБМ – Колешино
ФК Банско Дијаспора – Банско
ФК ЗСФК Слога Унион – Злеово
ФК Грозд – Дрвош
ФК Струмешница – Зубово
ФК Младост Муртино Академија – Муртино
ФК Единство – Пиперево
ФК Илинден – Добрејци
ФК Готен – Подареш
ФК Спартмани – Градско Балдовци
ФК Напредок Здравје Радово – Радово
ФК Сачево – Сачево

Ждрепката утре ќе го даде распоредот на натпреварите за првото коло, но и целокупниот натпреварувачки календар за сезоната.

На крајот од сезоната, шампионот на Општинската фудбалска лига – Струмица ќе стекне право на настап во Трета лига – регион 3 во сезоната 2027/28, што дополнително ќе им даде мотив на клубовите за борба за врвот.

Новиот шампионат носи враќање на фудбалот во повеќе струмички населени места, реактивирање на клубови и нова можност за локалните екипи да се борат за место во регионалниот третолигашки ранг.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!