БВК Коњаре забележа гостинска победа од 0:2 над Кул Здравје, во меч од 4. коло на Трета лига регион 1.
Флорент Османи го отвори резултатот, а пак Ерблин Даци во вториот дел ги постави конечните 0:2.
Њу Старс славеше убедлива победа од 0:6 над новајлијата Препарими Нигиштан во гости. Иван Настевски популарниот Меси постигна два гола, по еден гол постигнаа Лука Тасевски, Дејан Блажевски – Шиле и Енез Јусуфи, а пак Бесар Баки си постигна автогол.
Фортуна во гости славеше против Марино со високи 2:4. Фуркан Синан и Фисник Синани беа стрелци за водство на гостинот од 0:2. Домаќинот успеа да намали на 2:1 во 39. минута преку Мухамедин Фејзула. Во вториот дел Вулнет Мемети во 84. минута обезбеди 1:3, а истиот играч во 91. минута си постигна автогол за 2:3, а потоа одново Мемети погоди, овој пат во мрежата на противникот за конечни 2:4 во 94. минута.
Студеничани со 4:2 на домашен терен славеше над Ржаничино, со што трите бодови останаа дома. Сите четири гола домаќинот ги постигна во првиот дел, откако Зејди Шабани погоди двапати, а по еднаш Аган Алиу и Хамит Абази, за гостинот стрелаа Марио Ефтимовски и Стефан Богдановски.
Аеродром во гости ја доби Беса Сарај со 0:2. Резултатот го отвори Филип Смиљков во 7. минута, а во 92. минута Фуад Керими погоди за конечни 0:2.
Вчера, Илинден забележа нова висока победа над Башкими Љуботен, а извештајот на Спортска Мрежа за овој меч е достапен на овој линк.