РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од „Куќата на фудбаот“, поради очигледната потреба од дополнително информирање.

  • Во целост соопштението на ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија ја споделува оваа информација поради очигледната потреба од дополнително информирање на поединци кои, без да ги проверат фактите, паушално ја коментираат цената на билетите за натпреварот Македонија – Шкотска.

Фактите се едноставни.

Од вкупниот капацитет на Националната арена „Тодор Проески“ од околу 32.000 гледачи, дури 13.431 билет е со основна цена од 500 денари, односно со 35% попуст преку Магента, реалната цена за навивачот изнесува 325 денари.

Дополнително, 3.000 влезници, согласно пропозициите на УЕФА, се наменети за гостинската репрезентација и нејзините навивачи по цена од 1.800 денари. Во оваа бројка не се вклучени тампон-зоните, што дополнително го намалува расположливиот капацитет за македонските навивачи.

Речиси цела западна трибина е отстапена за најмладите фудбалери од Детската лига, нивните тренери и родители, како и за навивачките групи кои побараа присуство на натпреварот. Тоа не е исклучок само за овој натпревар, туку принцип што ФФМ го применува во текот на целиот циклус.

За целосна слика, од прва категорија се достапни 4.578 влезници, чија редовна цена од 1.800 денари со 35% попуст изнесува 1.170 денари.

Од втора категорија се достапни 5.133 влезници, чија цена со попуст изнесува 650 денари.

Затоа, пред да се пласираат паушални бројки и квалификации за „скапи билети“, би било коректно најнапред да се проверат фактите.

Ако за некого 325 денари за да ја гледа македонската репрезентација во живо се „прескапи“, тоа е негов личен став. Но, никој нема право од сопствената перцепција да креира лажна слика за цената на билетите и со паушални тврдења да ги доведува во заблуда оние кои сакаат да дојдат на стадион. Па макар бил и дел од академската заедница.

Академската титула, функцијата или припадноста кон која било институција не се замена за проверени факти. Напротив, од луѓето кои се дел од академската заедница се очекуваат токму точност, аргументираност и одговорност во јавното изнесување на информации.

Наместо со извадени бројки и селективно презентирани информации да се создава погрешна слика кај јавноста, очекуваме коректност и почит кон фактите.

Критика е добредојдена. Прашања се добредојдени. Но, манипулирањето со бројки и пласирањето на непотполни информации не е критика, туку создавање погрешна слика.

А кога се зборува за македонската репрезентација, фудбалерите кои го носат националниот дрес и навивачите кои се со тимот, заслужуваат најмалку точна информација, искреност и почит.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово остана на врвот, Овче Поле со пресврт, Брегалница Делчево славеше во Дојран, Каменица Саса со сигурен триумф над „фенерџијата“

Победа Валандово со минимален триумф над Хоризонт Турново останува на врвот во од табелата во Третата лига – Регион 3. Каменица Саса остана...

Втора лигаФудбал

Голем триумф за Камјани, дебитантот во финишот ги освои бодовите против Еуромилк и изби на четвртото место

Во судиското продолжение Камјани стигна до триумф над Еуромилк ГЛ и изби на четвртото место со што се комплетира 12. коло на Втората...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија ги започна подготовките за ЕХФ ЕУРО 2026 – ракометарките пред европскиот предизвик ќе тестираат со Финска, Италија и Турција!

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија официјално ги започна подготовките за настапот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Познати термините за баражот на Македонија против Кипар

По жрепката во Нион, УЕФА ги одреди и термините за одигрување на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Берокал го објави списокот на кошаркари за дуелот со Кипар

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија против Кипар во баражот за опстанок во Б Лигата на нации

Репрезентацијата на Македонија го доби противникот во баражот за опстанок во Б...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!