Трета лигаФудбал

Победа славеше над Големо Коњари со шест гола, Росоман убедлив со четири гола, еден меч заврши без погодоци за делба на бодовите

Сподели
ФОТО: ГФК Победа
Сподели

Прилепска Победа со убедливи 6:0 славеше над Големо Коњари во меч од 4. коло на Трета лига регион 4, со што трите бодови останаа на контото на домаќинот, кој има перфектен старт со четири од четири.

Мартин Никовиќ и Давид Паскоски беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Марио Дебрешлиоски и Даниел Карчески.

На висок триумф се радуваше и Росоман, кој со 4:0 славеше над Победа од Пепелиште, победа посветена на Душко Кароев, претседател на Росоман, кој почина пред четири дена.

Тоше Кочовски во 21. минута го отвори резултатот за водство на Росоман, а до крајот од средбата Марко Миловановиќ постигна три гола за конечни 4:0.

☕ Ако ја поддржувате работата на Спортска Мрежа за промоција на македонскиот спорт, можете симболично да нè поддржите со едно кафе. Вашата поддршка ни значи многу и ни помага да продолжиме да работиме за македонскиот спорт. Ви благодариме!

Средбата меѓу Башкими од Јаболчиште и Венец од Долни Дисан заврши без победник, но и без голови (0:0) за делба на бодовите.

Колото се затвара утре со останатите средби.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!