РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Швајцарија пресилна за Македонија, убедлив пораз на стартот од Лигата на нации

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна новиот циклус во Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“, Швајцарија славеше со убедливи 3-0 и покажа зошто важи за еден од фаворитите во групата.

Гостите од самиот почеток ја презедоа иницијативата и создаваа поголем број ситуации пред голот на Столе Димитриевски. Македонија се обидуваше да одговори преку транзиција, но тешко стигнуваше до противничкиот шеснаесетник.

Швајцарија поведе во 22. минута. По добро организирана акција и притисок пред македонскиот гол, топката стигна до Ремо Фројлер, кој од околу 12 метри прецизно го совлада Димитриевски за 0-1.

  • СИТЕ ГОЛОВИ: МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

Предноста можеше да биде и поголема, но македонскиот голман имаше неколку одлични интервенции. Димитриевски најпрво го запре ударот на Манзамби, а потоа и Дан Ндоје ја погоди стативата.

Сепак, во самиот финиш на првото полувреме Македонија повторно капитулираше. Атекаме испрати топка од десната страна, а Зеки Амдуни ја искористи ситуацијата и со прецизен удар зголеми на 2-0.

На почетокот на вториот дел се случи и спорен момент. Германскиот судија Даниел Шлагер првично му покажа директен црвен картон на Матеј Гаштаров, кој дебитираше за Македонија, но по интервенцијата од ВАР ја промени одлуката и му додели жолт картон.

Македонија во продолжението се обидуваше да најде начин да се врати во натпреварот, но Швајцарците продолжија да го контролираат ритамот. Ндоје во 64. минута повторно излезе во добра позиција, но Димитриевски одлично интервенираше.



Гостите сепак стигнаа и до трет гол во 74. минута. Амдуни повторно беше на вистинското место и по акцијата од десната страна по вторпат ја затресе македонската мрежа за конечни 0-3.

До крајот Швајцарија можеше да постигне и четврти гол, но Димитриевски спречи Амдуни да стигне до хет-трик.

За Македонија ова беше петти натпревар под водство на Гоце Седлоски без постигнат гол. Време за долго анализирање нема, бидејќи веќе во вторник следува нов предизвик – гостувањето кај Словенија во Љубљана, каде македонската селекција ќе ја бара првата шанса за освојување бодови во новото издание на Лигата на нации.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска

Во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, репрезентацијата на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!