Младински фудбалФудбал

ФК Марадона и ФК Брегалница со заеднички чекор за развој на младите фудбалери

Сподели
Сподели

Успешно започна соработката меѓу ФК Марадона и ФК Брегалница, која има за цел да им обезбеди подобри услови и поголеми можности за развој на младите фудбалери од Штип.

Официјално стартуваше натпреварувачкиот дел од соработката, со настапите во Регионалната лига под капата на Фудбалската федерација на Македонија. Во рамки на првото коло, ФК Брегалница се соочи со ФК Борец од Велес во две возрасни категории – помлади петлиња, генерација 2014, и петлиња, генерации 2012/2013.

Младите фудбалери во двата натпревари настапија мотивирано и уште еднаш го потврдија потенцијалот со кој располага Штип. Од ФК Марадона посочуваат дека градот има долга традиција во создавањето млади и талентирани фудбалери, а ваквите проекти треба дополнително да придонесат за нивниот правилен развој.

Со денешните натпревари, соработката меѓу двата штипски клуба и официјално влезе во својата натпреварувачка фаза. Целта е младите категории да добијат континуитет во тренажниот процес, но и можност редовно да играат официјални натпревари преку системот на ФФМ.

ФК Марадона претходно му излезе во пресрет на ФК Брегалница во период кога тоа било најпотребно, преземајќи одговорност за обезбедување непрекинат тренажен процес за фудбалерите од овие генерации.



Од клубот нагласуваат дека како општествено одговорен колектив остануваат посветени на развојот на фудбалот во Штип, со приоритет младите играчи да имаат соодветни услови за работа, правилен спортски раст и можност за постојан натпреварувачки ритам.

Токму можноста овие деца да бидат дел од Регионалната лига на ФФМ се гледа како една од најзначајните придобивки од соработката, со заедничка цел – создавање подобра средина за идните генерации штипски фудбалери.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

ФудбалФутсал

Шампионот со ново засилување: Проект го претстави Александар Черкезов

Македонскиот футсал шампион Проект го промовираше Александар Черкезов како ново засилување за...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација...

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!