Ракомет

Алкалоид славеше во преполната сала „Млаз“ во Богданци над Младост

Сподели
ФОТО: РК Младост 1977
Сподели

Алкалоид продолжува со максимален ефект во Суперлигата. Тимот на Кирил Лазаров ја запиша четвртата победа во исто толку натпревари, откако на гостувањето во Богданци го совлада Младост со 24-32, во преполната сала „Млаз“.

Домашниот состав имаше голема поддршка од трибините, но Алкалоид уште од воведните минути го наметнуваше своето темпо во натпреварот, ја диктираше играта и постепено ја градеше предноста.

Младост се обидуваше да остане во натпреварот и да му парира на фаворизираниот противник, но квалитетот и искуството беа на страната на тимот од Автокоманда. Во вториот дел Алкалоид дополнително ја зголеми разликата, а со дисциплинирана игра во продолжението без поголеми проблеми стигна до нови два бода.

Урош Борзаш беше најефикасен кај победничкиот состав со пет гола, додека Владимир Бојаниќ со седум погодоци беше прв стрелец на Младост.

За богданчани, сепак, следува период во кој ќе имаат можност да стигнат до првата сезонска победа. По трите порази и едното реми на стартот, Младост го очекуваат три важни натпревари – гостување кај Мулти Есенс во Автокоманда, домашен дуел со Еурофарм Пелистер 2 и гостување кај Куманово.



По серијата тешки предизвици, токму овие натпревари ќе бидат можност за тимот на Горан Андоновски да дојде до бодови и да ја запише првата победа во новата сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Швајцарија пресилна за Македонија, убедлив пораз на стартот од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна новиот циклус во Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“, Швајцарија славеше со убедливи 3-0...

Кошарка

ВИДЕО: МЗТ Скопје со драматичен финиш до деветтиот Суперкуп

МЗТ Скопје Аеродром ја отвори новата сезона со трофеј, откако во возбудлив натпревар го совлада МКК Куманово со 70-68 и по шести пат...

Поврзани написи
Ракомет

Струга со драматичен финиш до првата победа, Бутел падна во последната минута

Струга ја запиша првата победа во новата сезона од Супер машката лига,...

Ракомет

Вечерва во Богданци гостува Алкалоид: Младост ќе има поддршка, салата „Млаз“ ќе биде полна

Вечерва во рамките на 4. коло на ракометната Супер лига во Богданци...

Ракомет

Ѓукиќ по триумфот над Прилеп: „Целта беше брзо да се одлепиме, и успеавме во тоа“

Ракометарите на Охрид остварија висока и убедлива победа на домашен терен, совладувајќи...

Ракомет

Еурофарм Пелистер со победа против „двојката“ пред европскиот старт

Еурофарм Пелистер го доби битолскиот дуел со својот втор тим, славејќи со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!