Ракомет

Еурофарм Пелистер со победа против „двојката“ пред европскиот старт

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер го доби битолскиот дуел со својот втор тим, славејќи со 35-24 во последната контролна средба пред почетокот на европските обврски.

Еурофарм Пелистер 2 имаше подобар старт и во првиот дел неколку пати водеше со два, а стигна и до 7-4. Сепак, фаворитот одговори со серија од 4-0 и го презеде водството. До паузата првиот тим замина со 16-12.

Во продолжението Еурофарм Пелистер ја контролираше предноста, а тренерите им дадоа минутажа на речиси сите ракометари. Вицепрвакот на крајот стигна до убедлив триумф од 11 голови.

Калајџиески беше најефикасен кај победникот со шест гола, додека Серафимов постигна пет. Кај вториот тим Митревски реализираше осум, а Ѓоргиевски четири.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

За Еурофарм Пелистер ова беше последната проверка пред стартот на Лигата на Европа, каде во првото коло го очекува домашен натпревар против шпанската Ла Риоха.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!