Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

Сподели
Сподели



В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер лигата, а пред мечот со Алкалоид кој ќе се игра во салата „Млаз“, направивме краток разговор со новиот ракометар на тимот од Богданци, Жељко Пеиќ Тукуљац.

Искусниот ракометар кој може да одговори на позициите лев и среден бек, вели дека во екипата го прифатиле одлично, дополнува дека атмосферата е одлична, а луѓето во Богданци дека го сакаат ракометот.

„Екипата ме прифати одлично. Атмосферата е добра, луѓето во Богданци го сакаат ракометот, а тоа се виде и на двете натпревари што ги одигравме на домашен терен. Убаво е да се игра во таков амбиент“, вели Пеиќ за Спортска Мрежа.

Пејиќ зборуваше за натпреварите кои досега ги одигра Младост, а особено несреќниот пораз со Прилеп пред домашната публика.

„На трите натпревари видовме дека можеме да играме со секого. Против Прилеп од почетокот тргнавме силно и го почитувавме договореното, сè до некаде 15 минути пред крајот, кога дојде до пад на концентрацијата и недостиг на искуство. Тој натпревар го оставивме зад нас и продолживме да се подготвуваме за следните натпревари“, разкажува новото засилување на Младост.

За мечот со Алкалоид, потенцира дека ќе го дадат својот максимум за да може да стигнат до позитивен резултат, со поддршка од публиката, за која истакна дека е феноменална.

„Се подготвуваме за натпреварот со Алкалоид и ќе дадеме сè од себе. Ќе ни значи поддршката од публиката, како и досега. Публиката и атмосферата во салата „Млаз“ се феноменални“, дополнува искусниот ракометар.

Натпреварот меѓу Младост и Алкалоид се игра во сабота од 18:30 часот во салата „Млаз“ во Богданци.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!