Прва женска фудбалска лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Пелистер и Каменица Саса, Вјолца Изери на Вардар и Тиверија Брера

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 7. коло на Првата женска фудбалска лига, колото се отвара утре, а ќе се комплетира в недела.

Утре, во Драчево ќе се одигра натпреварот меѓу Истатов и Љуботен, каде главен судија ќе биде Марјан Дејаноски, а пак помошници ќе бидат Мартин Дејаноски и Филип Николов Контролор на мечот ќе биде Никола Божиновски.

В недела од 12 часот ќе се одигра натпреварот меѓу Вардар и Тиверија Брера на „Цементарница“, каде правдата ќе ја дели Вјолца Изеири, а помошници ќе бидат Даниел Василевски и Елеена Соклевска Илиевски, додека пак контролор ќе биде Билјана Миланова.

Останатите три средби се играат од 16 часот.

АС Јунајтед ќе се соочи со Скопје, а главен судија во Струга ќе биде Благојче Ралевски со помошниците Ангела Домазетовска и Радмила Неркова, додека пак контролор ќе биде Злате Лозаноски.

Дерби од дното на табелата ќе играат Речица и Кочани, каде главен арбитар ќе бифе Фуркан Идризи, негови асистенти ќе бидат Хабиљ Љиворека и Метин Османи, а пак контролор ќе биде Бранко Величковски.



Пелистер со форма од пет победи во низа ќе ја пречека Каменица Саса, која пак има форма од четири победи, а оваа дерби ќе го суди Фатмир Бафто.

Помошници ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Климент Ристоски, додека пак контролор на овој меч ќе биде Горан Спиркоски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!