Екипата на Новаци стигна до втората сезонска победа, откако славеше во Гевгелија над Кожуф со голот на Христијан Драгарски со минимални 0:1, во меч од 6. коло на Втората лига.
За Новаци ова е втора победа во низа и со тоа на своето конто има седум бодови, откако претходно ремизираше со Осогово во Кочани (0:0).
Новаци кој до пред петтото коло беше претпоследен, сега „помина“ голем број на екипи на табелата и изби на седмото место.
Во следното коло Новаци на домашен терен ќе игра против Тетекс во обид за трето сезонско славје и трета победа во низа, до која ако дојде тимот на Новаци, тогаш ќе има сериозен чекор кон висок пласман. Но, прво репрезентативна пауза и одмор на 10 октомври.