Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа зошто се наоѓа на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Тетовските „црвено-црни“ на Градскиот стадион во Гостивар го совладаа Башкими со убедливи 4-1 во осмото коло и со нови три бода останаа на лидерската позиција.

Домаќинот од самиот почеток ја презеде контролата врз играта и уште во воведните минути создаде неколку ситуации пред голот на Алију. Притисокот вроди со плод во 16. минута, кога по одличната реакција во контранапад Тамба го пронајде Ндзенгуе, а напаѓачот од непосредна близина ја погоди мрежата за 1-0.

Башкими постепено се ослободи од притисокот и во завршницата од првото полувреме успеа да стигне до израмнување. По една акција во шеснаесетникот на Шкендија, топката стигна до Фати Исмаили, кој во 42. минута реализираше за 1-1.

Сепак, радоста на гостите траеше кратко. Шкендија во судиското продолжение од првиот дел организираше нов напад, а по ударот на Красниќи и одбраната на гостинскиот голман, Алмир Криезиу се најде на вистинското место и ја врати предноста на својот тим.

Вториот дел донесе уште поголема иницијатива на тетовчани. Јонузи можеше веднаш да израмни по една одлична акција, но неговиот удар заврши во пречката, додека Шкендија продолжи да создава можности за трет погодок.

Во 71. минута Фабрис Тамба стави печат на добрата игра и со својот четврти сезонски гол зголеми на 3-1. Башкими се обиде да одговори, но домашната одбрана не дозволи враќање во натпреварот.

Конечниот резултат го постави Трумчи во 87. минута, за убедливи 4-1 и голема победа на Шкендија.

Со овој триумф, Шкендија стигна до 19 бодови и останува лидер во ПМФЛ, додека Башкими останува без посакуваниот резултат на ова гостување. Тетовчани во следниот период ќе имаат можност да го задржат победничкиот ритам и лидерската позиција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!