Прва лигаФудбал

Ацковски: Кратово е незгодно гостување, но веруваме дека можеме до позитивен резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Со триумфот над Шкендија на гостински терен, екипата на Тиквеш покажа дека сезонава има амбиции за пласман во горниот дел од табелата.

Кавадаречкиот состав е без пораз на последните четири натпревари, во кои забележа една победа и три нерешени средби. На последниот меч, Тиквеш одигра 1:1 против Струга, претходно ја совлада Шкендија, а серијата без пораз ја продолжи и против Вардар.

Добрата форма им дава дополнителен мотив на кавадарчани пред дуелот со Силекс, на кој ќе се обидат да дојдат до нов триумф и да ја продолжат позитивната серија.

„Сакаме да ја продолжиме серијата на добри резултати која ја имаме на последните натпревари. Силекс е одлична екипа, и покрај тоа што резултатите на последните натпревари не кажуваат така. Сепак, влегуваме со максимален респект во натпреварот и само со максимален пристап ќе можеме да дојдеме до позитивен резултат. Кратово е секогаш незгодно гостување, но оптимисти сме дека можеме да дојдеме до бодови“, изјави Кристијан Ацковски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!