Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од пет последователни порази. Победите над Скопје и БВБ Коњаре во Купот, како и ремито 3:3 со Вардар, донесоа подобра атмосфера и ја вратија самодовербата во кумановскиот табор.

Денеска пред Башкими е еден од најголемите предизвици во досегашниот дел од сезоната. Во рамките на 8. коло, кумановскиот состав ќе се соочи со тетовска Шкендија, во натпревар кој ќе се одигра на неутрален терен во Гостивар.

Башкими ќе се обиде добрата серија од последните натпревари да ја потврди и против лидерот, и со позитивен резултат да продолжи со подемот во првенството.

„Атмосферата против Шкендија е секогаш специфична. Се соочуваме со тим кој има шампионски претензии и квалитетен играчки кадар, но бела знаме не истакнуваме. Во Гостивар влегуваме максимално мотивирани за да извлечеме позитивен резултат“, истакна Андри Стафа.

Натпреварот Шкендија – Башкими се игра денес во 16:00 часот на стадионот во Гостивар, а правдата на теренот ќе ја дели судијата Фатмир Бафто.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!