Прва лигаФудбал

Осмото коло во ПМФЛ со пет натпревари во пет дена, два дуели под рефлектори

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Осмото коло од Првата македонска фудбалска лига ќе донесе интересна динамика, со натпревари распоредени во пет дена, а две средби ќе се одиграат во вечерен термин под рефлектори.

Колото започнува утре, петок, со два натпревари од 16 часот. На Градскиот стадион во Гостивар, Шкендија ќе го пречека Башкими, додека во Кратово силите ќе ги одмерат Силекс и Тиквеш.

Во сабота од 20 часот, на теренот на Фудбалската федерација на Македонија, шампионот Вардар ќе игра против дебитантот Шкендија Арачиново. Овој натпревар е предвиден во вечерен термин под рефлектори од 20 часот.

Во недела нема натпревари, а програмата продолжува во понеделник од 16 часот, кога Струга Трим Лум на домашен терен ќе го пречека Арсими.



Последниот натпревар од осмото коло ќе се одигра во среда, 23 септември, од 18 часот во Штип. Брегалница ќе биде домаќин на Скопје, а оваа средба ќе ја спушти завесата на осмото коло во македонската фудбалска елита.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!