Турнири

„Куклиш 2024“: Вистони ЖП пресилен во дербито со Црна Река, следна фаза и за екипите на Герасов и Гала Бау Р.В.

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни нови три натпревари од осминафиналето од Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“. Првиот меч донесе многу погодоци откако Герасов со 8:7 славеше над Фурна Марфи.

Давид Блажевски постигна четири погодоци за тимот на Герасов, хет-трик постигна Филип Неделковски, а пак Владимир Трендафиловиќ беше стрелец на еден гол. За тимот на Фурна Марфи четири гола постигна Игор Ристов, двапати погоди Роберто Ристов, а еднаш погоди Константин Василев.

Вечерва пукна „петарда“ откако Гала Бау Роко Виери со 5:0 го декласираше тимот на Криго Трејд. Виктор Тошевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Давид Крстевски, Насаф Шабанов и Блеран Ќамили.

Третиот меч наместо вистинска мега-дерби пресметка, немаше ни „Д“ о дерби откако Вистони ЖП со 8:2 ја декласираше Црна Река. По два гола за Вистони ЖП постигнаа Горги Гогов, Александар Черкезов и Столе Иванов, а пак по еден гол имаа Никола Божинов и Васко Коцев. За тимот на Црна Река стрелец на двата гола беше Петар Ристовски.

Утре започнува четвртфиналето и на програмата ќе биде два натпревари. Првиот е од 20 часот, а ќе се соочат Гала бау Роко Виери против Герасов, а пак еден час подоцна ФК Дрвош против тимот на Еклектик.

Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!