Турнири

ВИДЕО: Успешно заврши Новогодишниот турнир „Спортска навика – Здрава младина“ на ФК Бутел 2017

Сподели
Сподели

После четири дена исполнети со возбуда и натпревари, турнирот „Спортска навика – Здрава младина“, кој се одржа во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел 2017, успешно се заврши петто издание. Со учество на 16 екипи, поделени во две генерации (2016 и 2017), оваа спортска манифестација стана една од најзначајните предновогодишни спортски традиции во Македонија.

Во категоријата 2016, домаќинот ФК Бутел ја освои титулата преку пенал-рулетот, победувајќи ја екипата на Њу Старс, додека кај генерацијата 2017, ФК Азури кој настапи по првпат, го освои златниот медала со победа над ФК Бутел 2017 во финалниот дуел.

„Секој изминат ден на турнирот беше исполнет со искрена желба за победа и спортска чест, а тоа беше јасно видно и на теренот и на трибините, каде децата и родителите создаваа една вистинска спортска атмосфера“, изјави организаторот на турнирот за Спортска Мрежа.

Овој турнир е уште еден доказ дека спортот е важен елемент во развојот на младите генерации на ФК Бутел 2017, големи заслуги и за претседателот на клубот, Цеко Тапчановски, кој максимално е посветен во развојот на клубот, но и посветување големо внимание на младите фудбалери. Голема подршката за реализација на овој турнир дадоа општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски кои активно се вклучија во организацијата и обезбедија пакетчиња за сите деца, додека за најдобрите медали и пехари. Оваа манифестција продолжува да расте и да се развива секоја година. Благодарност беше упатена и до тренерите и родителите кои несебично вложуваат труд и време за успехот на своите деца.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РАДОСТА КАЈ ДЕЧИЊАТА, ОДЛИЧНАТА АТМОСФЕРА, ДРУГАРСТВОТО И ПРИЈАТЕЛСТВОТО:

На завршната церемонија, најдобрите четири екипи добија медали и пехари, додека сите учесници беа наградени со новогодишни пакетчиња. На доделувањето присуствуваа Кочо Димитровски, Бојан Марковски, Томо Белевски, како и претставници од други спортски клубови.

Како клуб, ФК Бутел 2017 најави дека и во иднина ќе продолжи со својата мисија да ги развива младите таленти и да создава позитивна спортска средина, со надеж дека ова спортска магија ќе продолжи повторно следната година на истиот турнир, со уште поголема возбуда и успех.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!