ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

Сподели
Сподели



КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен период и одбрана на двојната круна освоена минатата сезона.

Минатата сезона Проект испиша клупска, но и македонска футсал-историја. Тимот стигна до шампионската титула со перфектен учинок, без ниту еден пораз и без ниту едно реми, а за првпат во историјата на клубот ја освои и Куп-титулата. Со тоа Проект ја комплетираше историската двојна круна – втор шампионски трофеј во клупската историја и прв освоен Куп на Македонија.

По историската сезона, македонскиот шампион имаше можност за докажување и на европската сцена. Во УЕФА Футсал Лигата на шампионите, Проект остави позитивен впечаток и покажа дека концептот на клубот има перспектива и надвор од домашните рамки. Спортска Мрежа ексклузивно известуваше од Грац, Австрија, каде што го следевме настапот на македонскиот шампион и директно ги пренесувавме случувањата од европската авантура на Проект.

Токму настапот во Грац беше дополнителна потврда за она што клубот го гради. Наместо да се определува за краткорочен успех со ангажирање голем број странски играчи, Проект се одлучи да им даде доверба и одговорност на македонските футсалери, со посебен акцент на младите играчи.

Во Грац неколку млади фудбалери ја добија својата шанса на европската сцена и покажаа дека можат рамноправно да се носат со предизвиците на меѓународно ниво. За Проект, токму тоа е една од најголемите вредности од настапот во Лигата на шампионите – создавање и развој на играчи кои постепено се профилираат во сериозни футсалери, наместо купување на веќе оформени „готови производи“.

Овој пристап го прави Проект препознатлив како македонски концепт, во кој развојот на домашните играчи е во центарот на работата. Клубот сака да создава сопствена генерација, да им овозможи на младите да се развиваат преку сериозни натпревари и со време да станат носители на тимот.



Во пресрет на новата сезона, раководството одлучи да отвори ново поглавје. Неколку фудбалери повеќе нема да бидат дел од ростерот. Горан Стојанов кариерата ќе ја продолжи во Германија, Давид Блажевски е слободен играч, Иван Крстевски и Иван Стојановски заминуваат во Форца, Ѓорѓи Коцевски е слободен играч, додека Давид Ристовски ќе го носи дресот на Осогово. Од клубот се заблагодарија и на Марио Благојевски за досегашниот придонес.

На сите заминати фудбалери Проект им упати благодарност за времето поминато во зелено-белиот дрес, за тренинзите, натпреварите, победите и моментите со клубот, посакувајќи им успех во продолжението на кариерите.

Во новата сезона, Проект ќе се потпира на јадрото од шампионскиот состав од минатата година, а нов капитен ќе биде Мартин Тодоровски, на кого му е доверена честа и одговорноста да го предводи тимот.



Паралелно со тоа, клубот веќе работи на создавање на новата генерација. Во тренажниот процес се вклучени четворица 20-годишни фудбалери, кои се дел од долгорочната визија на Проект. Нивните имиња клубот дополнително ќе ги официјализира и претстави во периодот што следува.

Филозофијата останува непроменета – да создаваат, да развиваат, да победуваат и да траат. Амбициите, пак, остануваат високи.

Новата сезона започнува на 10 октомври, а македонскиот шампион влегува со јасна цел – повторно да се искачи на врвот и да ја одбрани историската двојна круна.

Проект има нова страница, постепено се создава нова генерација, но целта останува иста – шампионската титула, Купот и развојот на македонскиот футсал преку младите играчи.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!