Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Сподели
ФОТО: ГФК Победа
Сподели



Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25 погодоци.

Трибината на стадионот „Гоце Делчев“ беше исполнета со публика, се врати тој сјај од минатото на трибините, а ГФК Победа со убедливи 6:0 го декласираше Превалец.

Даниел Карчески постигна хет-трик за Победа, а по еден гол постигнаа Мартин Никовиќ, Иса Цанески и Марио Наумоски.

ФОТО: ГФК Победа

Тежок пораз претрпе ланскиот второлигаш Вардар Неготино, продолжи серијата на лоши резултати од минатата сезона. Во рамките на првото коло тимот од Неготино беше декласиран од Бучин во гости со резултат од 6:3.

Христијан Маркоски беше двоен стрелец за домаќинот, а по еден гол постигнаа Сашо Талевски, Бојан Мицески, Стефан Бончаноски и Антонио Солевски, додека пак за тимот од Неготино стрелци беа Борис Ристов, Оливер Тодоров и Стојанче Камчев.

Голема радост и за новајлијата Победа од Пепелиште, која на домашен терен со 3:0 го совлада Поти Гули од Крушево.

Денис Мемков го отвори резултатот за водство на домаќинот во 18. минута, а со 1:0 Победа замина на полувреме. Во вториот дел Мартин Младеновиќ погоди за двојна предност во 51. минута, а две минути подоцна Мемков со втор гол ги постави конечните 3:0.

Во Долни Дисан беа постигнати седум погодоци за убедлива победа на Венец од 6:1 над Ултрас. Победата беше најавена уште во првиот дел кога домаќинот имаш два гола предност преку Дарио Спиров и Јован Лембовски.



Во второто полувреме Петар Ристовски погоди за 3:0, по што во 65. минута гостинот намали на 3:1 преку гол на Славчо Стојчевски.

Сепак, мрежата на гостинот продолжи да се тресе, откако Ѓорѓи Шишков со два погодоци и Кирил Неделков со еден гол ги поставија конечните 6:1.

Колото ќе биде комплетирано денес.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан, мобилизација за поддршка во „Јасмин“

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!