Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс
Сподели

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година трагично почина Даниел Николовски, млад фудбалер кој својот живот го посвети на најважната споредна работа на светот.

Николовски го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила во текот на изминатата ноќ. Според достапните информации, несреќата се случила на патниот правец од клучката за Маврово кон Гостивар. Од неговиот матичен клуб Тетекс утрово ја потврдија трагичната вест, упатувајќи сочувство до семејството, пријателите и сите блиски на младиот фудбалер.

Николовски беше фудбалер кој потекнуваше од школата на Тетекс. Таму ги направи првите чекори, а со своите настапи стигна и до сениорскиот состав на „текстилците“. Во Втората македонска фудбалска лига запиша 38 настапи и постигна пет голови.

Особено впечатлив период во неговиот развој беше пролетниот дел од сезоната 2021/22, кога во младинската конкуренција на Тетекс блесна со неверојатна голгетерска серија и постигна дури 32 погодоци.

Младиот тетовец во текот на кариерата имаше можност да се обиде и надвор од Македонија. Беше дел од германскиот нисколигаш Релинген Фремерсдорф, а потоа го носеше и дресот на хрватскиот Хрватски Витез од Поседарје, кој настапува во третото ниво на хрватскиот фудбал.

Во летниот период Николовски требаше да биде ново засилување и за амбициозната Дрита од Боговиње. Сепак, трагичниот настан го спречи да го направи следниот чекор и да продолжи да го гради својот фудбалски пат.

Зад него остануваат спомените од неговите фудбалски почетоци, головите, настапите и времето поминато на теренот. Пред него требаше да има уште многу години, натпревари и можности.

Но, наместо фудбалските терени, денес македонскиот фудбал се збогува со еден млад живот.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на крај беа поразени со 29:30 од Прилеп во преполната сала „Млаз“...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!