ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) ФК Шишево и ФК Олимпик Скопје со сопствени средства изградија нови клубски простории – во план и нови големи инфраструктурни проекти

Сподели
Сподели

Во Скопско Шишево официјално беа пуштени во употреба новите клубски простории, со што ФК Шишево и ФК Олимпик Скопје направија значаен чекор во подобрувањето на инфраструктурните услови и покажаа дека развојот на фудбалот бара вложување и надвор од самиот терен.

Новите простории се простираат на 150 квадратни метри, а изградбата е реализирана со сопствени средства на двата клуба. Објектот е наменет за потребите на екипите и најмладите категории и треба да овозможи подобри услови за функционирање на клубовите.

Во рамките на новиот објект се наоѓаат гостинска и домашна соблекувална, менза за играчите и дечињата од клубовите, како и канцеларија за управите на ФК Шишево и ФК Олимпик Скопје. Со тоа, клубовите добиваат простор кој ќе ги задоволува потребите и на фудбалерите и на луѓето кои се задолжени за организацијата и функционирањето на екипите.

Инвестициите, сепак, не застануваат тука. Во тек се активности за поставување сопствен бунар, кој ќе се користи за одржување на фудбалскиот терен, како и за поставување рефлектори, со што ќе се создадат услови за тренинзи и натпревари и во вечерните термини.



Амбициозните планови продолжуваат и во следниот период. За наредната година е предвидена изградба на трибина со околу 800 седишта, како и теретана за потребите на двата клуба. Реализацијата на овие проекти би претставувала дополнително унапредување на спортскиот комплекс и уште еден важен чекор кон создавање комплетна инфраструктура за работа со сите категории.

По повод пуштањето во употреба на новите простории, беше одигран и пријателски натпревар меѓу ФК Шишево и ФК Олимпик Скопје, заврши со резултат од 2:5.

Целата иницијатива е пример дека и клубовите од пониските фудбалски средини можат самостојно да придонесат за подобрување на условите, кога постои јасна визија и желба за напредок. ФК Шишево и ФК Олимпик Скопје со сопствени средства вложуваат во инфраструктурата, а со тоа вложуваат и во своите фудбалери, младите категории и иднината на клубовите.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!