Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Сподели
ФОТО: Galacticos
Сподели

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа од редовите на прволигашот Тиквеш од Кавадарци.

Се работи за 20-годишен фудбалер кој покрај за Тиквеш настапуваше и за Новаци и Пелистер од каде и ја започна кариерата.

Битолчанецот кој игра како централен напаѓач своето деби во дресот на Кожуф се очекува да го има на мечот од 6. коло на Втора лига против Новаци.

По четири кола во Втората лига, екипата на Кожуф има ефект од два порази, реми и победа за вкупно четири бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!