Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен го „распадна“ Кочани со пет гола во првиот дел, шампионот Скопје со голема победа над Тиверија Брера

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Љуботен забележа убедлива победа над Кочани откако на домашен терен го декласираше со неверојатни 8:2 во меч од 3. коло на Првата женска фудбалска лига.

Резултатот и беше за очекување, со оглед на големиот квалитет меѓу двете екипи, па ова може да се категоризира како тренинг натпревар за Љуботен за продолжението од шампионатот.

Резултатот го отвори 28-годишната Бразилка, Лоурдес Роберта Оливиера Де Насцименто по три минути игри, а веќе во 7. минута Ива Салтирова постигна гол за 1:1. Но, тој примен гол го „вознемири“ домашниот тим, па преку хет-трикот на Улза Максути и голот на Калина Попески во 38. минута резултатот беше 5:1.

Во вториот дел Попески постигна уште еден гол, а погодија и Михаела Додеска и Ива Јованоска, а пак за Кочани гол постигна и Катерина Милеска.

Шампионот Скопје однесе голема победа над вицешампионот Тиверија Брера со високи 0:3 со што тимот од Пржино веднаш се врати на победничките патеки, а пак тимот од Струмица го доживеа првиот сезонски пораз.



Рабија Дервиши го отвори резултатот во 18. минута за водство на гостинот од 0:1 на полувреме. На стартот од вториот дел Јована Каралиоска погоди за 0:2 и сигурна предност

Тиверија Брера се обидуваше да материјализира некоја шанса за гол, но Блехана Алиеска во 72. минута ги постави конечните 0:3.

Како што претходно информираше Спортска Мрежа, Речица загуби од Каменица Саса со 0:2, Пелистер го доби Вардар со 3:4, додека пак Ас Јунајтед со 1:4 го доби Истатов во гости.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!