Останато

Бучим Радовиш со Зајков, Усеинов и Атанасов на силниот „President Cup“ во Белград

Сподели
Сподели

Меѓународниот боречки турнир „President Cup“ денеска започнува во Белград, Србија, а на престижниот натпревар ќе настапат повеќе од 200 борачи од различни клубови.

Меѓу учесниците ќе биде и БК Бучим Радовиш, кој на турнирот ќе биде претставен со тројца свои борачи. За радовишкиот клуб ќе настапат Изабела Зајков, Мехмет Усеинов и Димитар Атанасов, кои ќе имаат можност да ги одмерат силите со квалитетна меѓународна конкуренција.

Тимот на Бучим Радовиш во Белград е предводен од тренерите Владо Лазаров и Методија Зајков, кои ќе бидат покрај своите борачи во текот на турнирот.

Учеството на ваков меѓународен турнир претставува значајно искуство за младите борачи од Радовиш и можност за дополнителен напредок преку силни натпревари со противници од регионот.

Од БК Бучим Радовиш им посакуваат успешен настап на своите претставници, добри борби и што подобри резултати на „President Cup“ во Белград.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за...

Останато

ММА спектакл во Скопје: ФНЦ за првпат во Македонија со 11 борби, министерот за спорт Борко Ристовски со поддршка за настанот!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера присуствуваше на прес-конференцијата по повод одржувањето...

Останато

Јана Анастасовска постави нов национален рекорд за девојчиња под 16 години во дисциплината 60 метри со пречки

Младата атлетичарка на АК Куманово, Јана Анастасовска, постави нов национален рекорд за...

Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд во полумаратон

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на АК Олимп, постави нов национален рекорд...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!