Ракомет

Младост со голем бод се врати од Скопје, реми со Бутел

Сподели
Сподели

Ракометарите на Бутел Скопје и Младост 1977 одиграа драматичен натпревар на стартот од новата сезона во Суперлигата, кој по голема борба заврши без победник, 30-30. Домашниот состав во поголемиот дел од второто полувреме ја имаше контролата врз резултатот, но не успеа да ја круниса со триумф.

Средбата донесе променлив ритам уште од самиот почеток. Младост прв стигна до водство, но Бутел брзо воспостави контрола и со серија од четири гола поведе со 4-1. Домаќините во продолжението ја одржуваа предноста и во еден момент имаа 9-5.

Богданчани, сепак, не дозволија рано да се реши натпреварот. Со подобра игра во продолжението успеаја да ја анулираат негативата и да стигнат до 10-10. До крајот на првиот дел се играше во серија, а Младост на одмор замина со минимална предност од 13-12.

По паузата Бутел повторно го презеде резултатот во свои раце. Домашниот тим направи серија и во 18. минута од вториот дел стигна до 18-14, а предноста од четири гола ја задржа и во клучниот период од натпреварот.

Седум минути пред истекот на времето Бутел водеше со 30-26 и се чинеше дека е на чекор до победата. Наместо тоа, следуваше целосен пад во играта на домаќините. Младост го искористи периодот без погодок на противникот, а одбраните на голманот Илиќ дополнително го одржаа гостинскиот тим во игра.

Богданчани постепено се доближија до 30-29, а Бутел пропушти неколку можности да го реши натпреварот. Во самиот финиш Младост ја искористи својата шанса, па Пеиќ на 15-ина секунди до крајот го постигна голот за конечни 30-30.

До крајот Бутел немаше доволно време за нов сериозен напад, па екипите мораа да се задоволат со поделба на бодовите.

Најефикасен кај Бутел беше Субашевски со шест гола, додека Јовиќ и Ѓеоргиевски постигнаа по пет. Голманот Богдановски имаше седум одбрани. Кај Младост, Даниел Андоновски беше прв стрелец на натпреварот со осум гола, Бојаниќ постигна шест, а голманот Илиќ запиша дури 12 интервенции.

За Бутел ова е пропуштена можност за победнички старт, додека новиот суперлигаш Младост 1977 може да биде далеку позадоволен, бидејќи со голем пресврт во завршницата освои бод на гостувањето во Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!