РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Благодарност до клубовите за поддршката на репрезентацијата до 20 години на Медитеранските игри

Сподели
Сподели

Фудбалската репрезентацијата на Македонија до 20 години учествуваше на Медитеранските игри во Таранто, Италија, а од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упатија искрена благодарност до сите клубови кои дадоа согласност нивните фудбалери да бидат дел од репрезентацијата која ја предводи селекторот Александар Таневски.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ ОД КУЌАТА НА ФУДБАЛОТ:

Со завршувањето на настапот на македонската репрезентација до 20 години на Медитеранските игри, сакаме да упатиме искрена благодарност до сите клубови кои дадоа согласност нивните фудбалери да бидат дел од репрезентативниот состав и да настапат на меѓународениот турнир.

Особено ја цениме поддршката од клубовите имајќи предвид дека Медитеранските игри се одржуваат во термин кој не е во официјалниот календар на ФИФА. Токму затоа, одлуката на клубовите да им овозможат на своите фудбалери да одговорат на репрезентативниот повик има посебно значење за афирмацијата на македонскиот фудбал.

Учеството на нашата селекција на Медитеранските игри, кои се одржуваат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, е важно искуство за младите македонски фудбалери и можност за настап на силен меѓународен турнир, во конкуренција на репрезентации од медитеранскиот регион.

Истовремено, сакаме да упатиме благодарност и до клубовите кои, поради своите обврски и потреби, не беа во можност да дадат дозвола за настап на одредени фудбалери. Во текот на подготовките и самиот турнир имаше и неколку доцни одлуки за повлекување на претходно повикани фудбалери, што дополнително влијаеше врз можноста стручниот штаб да располага со планираниот состав. Тоа се објективни околности кои се составен дел од спортот и кои мора да се прифатат како такви.

За Фудбалската федерација на Македонија, ваквите настапи се важен дел од процесот на развој на репрезентативците и создавање поширока база на фудбалери. Уште еднаш, благодарност до сите клубови, фудбалерите, стручниот штаб и сите кои придонесоа македонската репрезентација до 20 години да биде дел од Медитеранските игри.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!