Останато

Шахистките на ШК Алкалоид ја освоија шампионската титула на Екипното државно првенство!

Сподели
ФОТО: ШК Алкалоид
Сподели

Шахистките на ШК Алкалоид ја одбранија шампионската титула на Европското клупско првенство, откако со одличен настап освоија 11 од можни 12 бодови.

Клучниот чекор кон новиот трофеј беше направен во директниот дуел со МШК Центар, кој Алкалоид го доби со 2,5:1,5. Во шампионскиот состав настапија Лела Јавакашвили, Бела Котенашвили, Моника Стојоска, Габриела Коскоска, Моника Жежовска и Леа Ефтовска.

Во машка конкуренција, пак, ШК Алкалоид е на добар пат да ја одбрани титулата. Во шестото коло македонскиот шампион славеше против ШК Гамбит со 3,5:2,5.

Мечот беше долг и неизвесен, а дури пет партии завршија со реми. Клучниот поен за Алкалоид го освои велемајсторот Велимир Ивиќ, кој на втората табла го совлада холандскиот велемајстор Томас Бердсен.

Младиот состав на Мулти Есенс, пак, по шест одиграни кола се наоѓа на делба на четвртото место. Македонскиот тим има шест освоени бодови, колку што има и ШК Нов Напредок од Штип.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски и му честиташе за освоеното второ место во генералниот пласман...

Ракомет

Мајдоуб пред Тиквеш: Навивачите се нашиот клуч за победа и ќе се бориме да ги израдуваме

В недела во салата „Млаз“ ќе се одигра натпреварот од 9. коло на Суперлигата меѓу Младост и Тиквеш, а во рамките на истото...

Поврзани написи
Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар...

Останато

Ѓорческа елиминирана од ИТФ W50 турнирот во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!