ИнтернационалциФудбалФутсал

Грац го доби Макаби Нетанја и ја потврди лидерската позиција во групата на Проект

Сподели
Сподели

Домаќинот на групата А во претквалификациите за Лигата на шампионите, Атлетик Клуб Грац, стигна до втора победа во групата, откако вечерва со 2:0 го совлада шампионот на Израел, Макаби Нетанја.

Грац уште еднаш покажа зошто важи за сериозен фаворит на домашен терен, а со новите три бода се зацврсти на врвот на табелата.

Австрискиот шампион до водство стигна во самиот финиш на првото полувреме. Фидершеκ во 19:37 минута го погоди голот на Макаби за 1:0.

Во второто полувреме Грац продолжи со контролирана игра, а предноста ја зголеми Ковачиќ во 28:10 минута, поставувајќи ги конечните 2:0.

Интересно е што натпреварот помина без картони – ниту една од двете екипи не доби жолт или црвен картон.

Грац беше нешто поактивен во поглед на вкупните обиди, 24:21, додека Макаби имаше повеќе корнери – 6:4.

🇦🇹 Грац на врвот, Проект со бод

Со оваа победа, Грац има шест бода од два натпревари, откако во првото коло убедливо го совлада македонскиот шампион Проект со 6:0.

Проект, пак, по ремито 3:3 против Врхника, има еден освоен бод, додека словенечкиот шампион исто така е на еден бод. Макаби Нетанја останува без бод по двата одиграни натпревари.

Последниот натпревар од групата за Проект ќе биде од особено значење.

🇲🇰 Проект – Врхника 3:3

🇦🇹 Грац – Макаби Нетанја 2:0

А македонскиот шампион својот последен меч го игра:

🇮🇱 Макаби Нетанја – Проект 🇲🇰

📅 29 август

🕠 17:30 часот

Спортска Мрежа од Грац, Австрија

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет, воведувајќи поинаков модел за следење и селектирање на најперспективните ракометари во...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во Автокоманда тимот на Кирил Лазаров беше убедлив со 37:27 со што...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица непоразена, но со седум ремија: Работнички пред незгоден тест во трката за врвот

Десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига носи различни предизвици за водечките...

Прва лигаФудбал

Пет бода меѓу првите четири: Вардар и Струга во директна пресметка, Шкендија на испит во Штип

Дванаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига може повторно да ја промени...

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!