Останато

Сара Митевска со пораз од фаворитката Матула на Медитеранските игри

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Најмладата македонска претставничка на Медитеранските игри во Таранто, тенисерката Сара Митевска, го заврши настапот во поединечна конкуренција со пораз.

Митевска беше совладана од фаворитката и четврта носителка, Марта Матула од Грција, со 2:0 во сетови.

Грчката тенисерка убедливо го доби првиот сет со 6:0, додека во вториот Митевска пружи поголем отпор, но Матула славеше со 6:4.

За Митевска, која е БЈК куп репрезентативка на Македонија, настапот на Медитеранските игри во Италија претставуваше големо искуство и можност за настап на силен меѓународен турнир.

На тенискиот турнир во Таранто, покрај Митевска, настапи и Кристијан Јанев. Двајцата имаа настап и во мешани двојки, но и таму ги завршија своите натпревари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет, воведувајќи поинаков модел за следење и селектирање на најперспективните ракометари во...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во Автокоманда тимот на Кирил Лазаров беше убедлив со 37:27 со што...

Поврзани написи
Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

Останато

Македонија со тројца претставници на Младинските олимписки игри во Дакар 2026

Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар...

Останато

Ѓорческа елиминирана од ИТФ W50 турнирот во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!