Трета лигаФудбал

Ударник подобар на пријателскиот меч против Победа Пепелиште

Сподели
Сподели

Третолигашот Ударник триумфираше со 2:0 на пријателскиот натпревар против новиот третолигашот Победа од неготинско Пепелиште, во меч кој се одигра во Пирава.

До овој триумф Ударник стигна преку погодоците на Славе Ризов и Благој Тодоров, а резултатот беше во втор план бидејќи шанса добиваа сите фудбалери, а тимот од Пирава имаше уште неколку чисти шанси кои не ги претвори во гол.

Според информациите на Спортска Мрежа задржан е комплетниот состав од претходната сезона, а Ударник дополнително е засилен со младиот Христијан Ризов кој доаѓа од Победа Валандово, Стефан Димов од ланскиот второлигаш Вардар Неготино и Адријан Трајков од Тиквеш.

Целта на третолигашот од Пирава ќе биде да прикажат доплива игра за верната публика, а притоа да бидат отскочна даска за младите играчи, дополнувајќи дека целат одново да бидат најфер-плеј екипа како и минатата сезона.

Ударник ќе се натпреварува во Трета лига регион 3, а пак Победа од Пепелиште во Трета лига регион 4.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе го претставува македонскиот футсал во претквалификациите за Лигата на шампионите. За...

Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: КК Соколи 1993 од Штип се новиот Суперлигаш во македонската кошарка!

Кошаркарскиот клуб Соколи 1993 од Штип и официјално ќе биде дел од највисокиот ранг на македонската кошарка во сезоната 2026/27. По разгледувањето на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со Ерен Парталко

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со Ерен Парталко, кој доаѓа од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!