Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Сподели
Сподели

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во прилепското село Дебреште, а победничкиот трофеј го освои екипата на БХС Груп Саждево.

Во натпреварот за третото место, Сталоне Теута Саздево славеше со 4-3 над Лисичани во уште еден интересен и ефикасен дуел, со што го обезбеди третото место на турнирот.

Големото финале меѓу БХС Груп Саздево и Пилана Жарко донесе вистинска неизвесност. По регуларниот дел резултатот беше 1-1, па победникот мораше да се решава преку пенал-серијата.

Во пенал-драмата повеќе концентрација покажаа фудбалерите на БХС Груп Саздево, кои славеа со 4-3 на пенали и заслужено го подигнаа трофејот на овогодишното издание на „Алмо“.

Конечен пласман:

🥇 1. БХС Груп Саждево

🥈 2. Пилана Жарко

🥉 3. Сталоне Теута Саждево

🏅 4. Лисичани

На индивидуалните награди, признанието за најдобар играч му припадна на Соте Андрески, додека за најдобар голман беше прогласен Давор Илиоски.

Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо“ и оваа година донесе одлична атмосфера, неизвесни натпревари и голема посветеност на учесниците, во чест на Алмир Ибески.

Спортска Мрежа беше медиумски покровител на турнирот, следејќи ги случувањата од Дебреште и известувајќи за натпреварите и завршницата на „Алмо 2026“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе настапи на БВА зонските...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во прилепското село Дебреште, а победничкиот трофеј го освои екипата на БХС...

Поврзани написи
Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!