Кошарка

Атанасов: Целта е победа на секој натпревар и атак на секој трофеј

Сподели
ФОТО: КК МЗТ Скопје
Сподели

По првата недела од подготовките, тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов, даде првична оценка за досегашниот тек на подготовките и откри што можат навивачите да очекуваат од тимот во новата сезона.

„Подготовките се одвиваат според планот. Тимот е заедно, сите се здрави и работиме добро на адаптацијата и вклопувањето во нашиот систем. Успеавме да ангажираме играчи за кои сметаме дека добро ќе се вклопат во нашите идеи за игра“, вели Атанасов.

Тој истакна дека составот е нешто поинаков во однос на минатата сезона, но дека искуството и лидерството ќе бидат едни од главните адути на екипата.

„Сезонава имаме ростер кој е малку поинаков од претходните, со одлично ветеранско лидерство и играчи кои знаат што е потребно за да се победува. Секако, ќе се стремиме да бидеме агресивни на двете страни од теренот, а брзината ќе биде нешто што е клучно за нас.“

Како столбови на екипата и оваа сезона се издвојуваат Војдан и Дамјан Стојановски, а дополнителна сила во нападот треба да донесе американскиот плејмејкер Ноа Фаракан.

„Како и секогаш, столбот на тимот ќе бидат Војдан и Дамјан Стојановски, а со додавањето на нашиот плејмејкер Ноа Фаракан, кој е вистински поентер на позицијата еден и ќе го надополни нашиот напад, тие ќе бидат едни од темелите на тимот. Ангажманите на искусниот центар Димитрије Николиќ и разноврсниот Лесли Варнер ќе ни дадат предност што ја немавме минатата сезона“, додава тренерот.

Амбициите на МЗТ Скопје остануваат високи – борба за трофеи и победа на секој натпревар.

„Нашата цел секогаш е иста – победа на секој натпревар, атак на секој трофеј, како и достојна презентација на Аеродром и на македонската кошарка во целост. За тоа ни треба и помошта од трибините, која сигурен сум дека нема да изостане. Заедно сме најсилни!“, порача Атанасов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во прилепското село Дебреште, а победничкиот трофеј го освои екипата на БХС...

Ракомет

Прилеп го совлада Тиквеш и го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометари на Прилеп го совладаа Тиквеш со резултат од 36:29 и го освоија меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Во атрактивен натпревар со неизвесности прилепскиот...

Поврзани написи
Кошарка

Дарко Најдовски ја заврши играчката кариера и започнува нова – тренерска!

Довчерашниот капитен на КК Пелистер, Дарко Најдовски, стави крај на својата играчка...

Кошарка

Мирковски: Целта е јасна – да го вратиме Работнички на врвот!

Кошаркарскиот клуб Работнички со големи амбиции ја очекува новата сезона, а шефот...

Кошарка

Капитенот Никола Караколев останува во Соколи

Кошаркарскиот клуб Соколи и капитенот Никола Караколев ја продолжија соработката и за...

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!