Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Сподели
Сподели



Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот клуб од градот под Исарот.

Кам Хамилтон, доаѓа од Шарлот, Северна Каролина, со себе носи големо меѓународно искуство стекнато покрај во САД и во Албанија, Кипар и Полска.

Ланската сезона 2025/2026 Хамилтон настапуваше во полскиот шампионат каде имаше блескава статистика со 19,9 поени, 5,7 скока, 3,8 асистенции и 2,5 украдени топки по меч, што е потврда дека се работи за големо засилување кое го добива Соколи.

Пал е крилен играч кој е висок 206 сантиметри, зад себе има богато NCAA искуство настапувајќи за Jacksonville State, Campbell и реномираниот San Diego State. Во кариерата настапуваше и во Грузија, Белгија и Мексико, а во сезона 2025/2026 за Frayles de Guasave бележеше просек од 13,2 поени и 5,5 скока.

Каков квалитет носи најдобро покажува неговиот моќен дабл-дабл учинок од 28 поени и 11 скока, надополнет со перфектни 5/5 погодоци за три поени!

Инаку, кошаркарите предводени од Марјан Србиновски вчера ги започнаа подготовките во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, а од 9 септември ќе се преселат со работа во новата сала „Џексон“ која има капацитет од 1.300 гледачи.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!