Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во драматичен натпревар одиграа 30-30 против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го освојат првото место во групата А и да обезбедат пласман во големото финале, каде што ќе го бранат трофејот освоен минатото лето.

Херој на мечот беше десното крило Дарко Ѓукиќ, кој го постигна последниот гол на натпреварот и му донесе на Охрид резултат што беше доволен за финале. Охриѓани имаа гол-разлика +14, додека Загреб беше на +13, па само еден погодок во завршницата го одлучи патникот во финалето.

Капитенот на Охрид, Гоце Ојлески, за Спортска Мрежа, по натпреварот го истакна квалитетот на противникот, но и важноста од ваквите натпревари во подготвителниот период, посочувајќи дека тимот треба да извлече поуки од грешките.

„Сметам дека не е потребно да се трошат зборови за Загреб, сите знаеме кој е Загреб во ракометот и мислам дека тука нема што да разговарaме. Се договоривме пред почетокот на натпреварот да играме, да уживаме во овој натпревар и да не се оптоваруваме со резултатот. Имаше неколку падови во играта и многу, да кажам, грешки коишто не треба да се дозволуваат, меѓутоа ова е турнир каде што треба и да учиме од тие грешки. Можеби малку и сме и изморени, стигна и заморот… Секако дека и Загреб беше заморен, не е дека тие не се, меѓутоа на крајот излеговме со еден позитивен резултат и секако дека сме среќни што не сме поразени од таков голем тим како што е Загреб.“

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид со ремито го обезбеди првото место во групата, а во финалето повторно ќе се сретне со Вардар, исто како на Струшкиот турнир. Ојлески очекува уште една тешка пресметка против добро познат противник, но и јасна цел – одбрана на трофејот.

„Со Вардар веќе неколку години играме вака, доста се знаеме, се познаваме. Очекувам да дадеме максимум, секако дека посакуваме да го освоиме турнирот. Тоа е тоа, утре одиме во финале, финале се игра за да се победи, секако дека ќе дадеме сè од себе за да победиме.“- изјави Ојлески за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

По пет гола во домашниот состав постигнаа Иванковиќ и Мате, додека голманот Славиќ запиша 11 одбрани. Кај Загреб, Бељавски беше најефикасен со девет погодоци.

Во битката за седмото место од 10:30 часот ќе играат Олимпијакос и Египет У20, за петтото место од 12:30 часот ќе се сретнат Нексе Нашице и Војводина. За третото место од 18:00 часот ќе играат Загреб и Тримо Требње, додека големото финале меѓу Охрид и Вардар ќе стартува од 20:15 часот.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!