Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета лига регион 5 со првиот собир и првиот тренинг на екипата.
Од клубот посочуваат дека со голема мотивација, желба за работа и максимална посветеност ќе одат чекор по чекор кон нови успеси.
„Започнаа подготовките на ФК Демир Хисар за новата натпреварувачка сезона! Со голема мотивација, желба за работа и максимална посветеност, нашиот тим ги започна подготовките и се подготвува за новите предизвици кои ни претстојат. Заедно, чекор по чекор, со заеднички сили и борбен дух до нови успеси“, велат од клубот.

Веќе се познати сите екипи кои ќе настапат во овој третолигашки регион, за што објави Спортска Мрежа.