Второлигашот Беласица го претстави Филип Михаилов како најново засилување за сезона 2026/2027. Станува збор за играч со прволигашко искуство кој потекнува од Струмица.
Михаилов е играч од средината на теренот и ќе претставува уште едно освежување во тимот на Мартин Алаѓозовски и треба да претставува вистинско освежување.
22-годишниот Михаилов доаѓа од АП Брера Струмица, а претходно беше дел од Тиквеш, Осогово, Хоризонт Турново, а шест месеци градеше меѓународна кариера во Австрија во период од февруари до јули 2023 година.