Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Сподели
Сподели



Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига.

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, а нејзини помошници ќе бидат Бојан Иваноски и Филип Николов, а четврти судија ќе биде Ненад Тодоровски.

Делегат на мечот ќе биде Хајро Бабачиќ, а контролор ќе биде Душко Милошески. За Камјани ова ќе биде прв историски домашен меч како второлигаш.

Соочување на Новаци и Беласица ќе го суди Марјан Стојановски, а негови помошници ќе бидат Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски, а пак четврти судија е Бенарт Зеќири.

Делегат на овој меч ќе биде Лазар Проданов, а пак Зоранчо Илиевски ќе биде контролор.

Боби Величков ќе биде главен во Гевгелија каде ќе се соочат Кожуф и Шкупи, а ќе му помагаат Роберт Црвенов и Андреј Ќамилов, а пак четврти судија е Блаже Петковски.

Делегат на средбата ќе биде Арменд Дестани, а контролор ќе биде Златко Неделкоски.



Средбата меѓу Еуромилк ГЛ и Македонија ЃП ќе ја суди Владимир Ѓорѓиевски, а ќе му асистираат Николче Дрнковски и Дарко Василевски, додека пак четврти судија ќе биде Кристијан Гаревски.

Делегат на оваа средба ќе биде Емин Кранли, а контролор ќе биде Тони Глигоров.

Мечот во Кавадарци меѓу ланските прволигаш Пелистер и Брера ќе го суди Стојанче Стојанов, а ќе му помагаат Богданчо Ѓеоргиев и Петар Михаилов, а четврти судија ќе биде Дарко Стојанов.

За делегат е одреден Ивица Тасевски, а контролор ќе биде Зоранчо Темелков.

Сите натпревари ќе започнат во ист термин односно во 16:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!